Вардар нема да биде сам на гостувањето кај Фенербахче во Истанбул, неговите верни навивачи Комити Запад најавиа дека ќе бидат дел од историскиот натревар. Дуелот се игра во четврток, 24-ти август, тоа е шанса со поволен резултат да го минеме плеј-офот и да се пласираме во групната фаза од Лига Европа. Тие на нивната страница вчера објавија дека ќе патуваат за Турција, а за денес се очекува повеќе детали околу ова гостување. Во информацијата објавена вчера се вели следното:
АЈДЕЕЕЕЕ КОМИТИ !!!
ИДЕМЕ ВО ЦАРИГРАД ПО ЕВРОПСКО ЧУДО !
Во текот на утрешниот ден повеќе информации а сите заинтересирани да пишат во пораки !!!
30 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД !!!