Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија подобра од Израел, Манасков најдобар стрелец, солидно издание и на Георгиевски
Македонија подобра од Израел, Манасков најдобар стрелец, солидно издание и на Георгиевски

Македонија подобра од Израел, Манасков најдобар стрелец, солидно издание и на Георгиевски

Ракометната репрезентација на Македонија успеа да го победи Израел, на последниот подготвителен натпревар пред настапот на СП. Избраниците на Кирил Лазаров за еден гол беа подобри од репрезентацијата на Израел (38:37).

Македонија речиси цел натпревар беше во предност, но на крајот лесно можеше да ја испушти победата, со оглед дека противникот имаше последен напад за израмнување, кој за наша среќа не заврши во голот. Добро го отворивме натпреварот со предност од 3:1, за како одминува натпреварот таа разлика константно да ја зголемуваме, а истата по 15 минута игра беше седум плус во наша корист (18:11). Селекторот Лазаров им даваше шанса на сите ракометари да се покажат на теренот, со дел да се види подготвеноста на играчите и кој во каква форма се наоѓа пред главните натпревари. До крајот на првото полувреме, Израел речиси ја преполови негативата, па на одмор се замина со резултат 23:19.

И во вториот дел ја одржувавме предноста, која се движеше од 3-5 гола разлика, но Израел не се откажа од мислата да направи изненадување. Како се ближеше крајот, разликата се топеше, имавме ние водство од 38:34, но до крајот не постигнавме гол, а примивме три, дури Израел имаше и последен напад за израмнување, но не реализираа, па на крајот Македонија се радуваше на победата.

Повторно Дејан Манасков беше најрасположен играч во нашата репрезентација со 11 постигнати голови, додека од вардаровите играчи во листата на стрелци се запиша уште и Гоце Георгиевски со 4 погодоци, како и новиот ракометар на Вардар, Томислав Јагуриновски кој исто така имаше 4 погодоци.

Македонија на СП се наоѓа во група со репрезентациите на Норвешка, Холандија и Аргентина.