Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија поразена од Хрватска, Дејан Манасков најефикасен играч
Македонија поразена од Хрватска, Дејан Манасков најефикасен играч

Македонија поразена од Хрватска, Дејан Манасков најефикасен играч

Пораз за македонската ракометна репрезентација, на првиот натпревар на „Кроација Куп“ против селекцијата на Хрватска. На еден ефикасен натпревар со многу голови, славеше репрезентацијата на Хрватска со резултат 40:34.

Хрватска во текот на целиот натпревар имаше предност, на моменти избраниците на Кирил Лазаров опасно се закануваа по резултатот, сепак на крајот победата му припадна на противникот. Во еден дел од првиот дел, Хрватска имаше и водство од 4 гола разлика, за Македонија да се доближи и да намали на само еден гол разлика. Избраниците на Хрвоје Хорват повторно се одлепија на два гола, но нашите момци израмнија на 15:15. До крајот на првиот дел, домашната репрезентација успеа на одмор да замине со солидно водство од три гола разлика (22:19).

На стартот на вториот дел, Хрватска поведе и со највисоки пет гола разлика (24:19) и до крајот не дозволи да ја испушти предноста. На крајот конечниот резултат гласеше 40:34.

Вардаровиот играч, Дејан Манасков, беше најефикасен играч со 9 постигнати голови од 12 обиди. На овој турнир играме без Филип Талески кој има повреда на скочниот зглоб, додека во составот беше и Мартин Томовски, како и Гоце Георгиевски кој постигна 2 гола од исто толку удари.