Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП
Македонија со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Македонија со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Македонската ракометна репрезентација денес претпрпе нов пораз во рамките на новоформираната група на СП во Египет. Избраниците на Брестовац на последниот дуел беа поразени од селекцијата на Белорусија.

Иако во првото полувреме бевме рамноправен противник, на моменти имавме и предност од два гола, сепак на крајот како победник излезе селекцијата на Белорусија. Добро го почнавме натпреварот кога имавме предност од 5:3. Сепак белорусите не ни дозволија резултатски да се одлепиме, набргу го израмнија и резултатот, а до крајот на првото полувреме се играше гол за гол на двете страни. Очигледна беше желбата кај нашите репрезентативци да дадат се од себе на последниот дуел на мундијалот во Египет, се бореа до крај но сепак тоа не беше доволно да се избегне нов пораз. По истекот на првите 30 минути резултатот беше израмнет 14:14.

Во првите десет минути од второто полувреме видовме неколку израмнувања на резултатот, Македонија добро се држеше и пружи силен отпор на противникот. Сепак Белорусија го искористи нашиот лош период во играта кога постигна неколку голови во серија и за прв пат поведе со четири гола позитива, кои беа решавачки за конечниот исход на овој дуел. На крајот победа за Белорусија изразена со резултат 26:30.

Од четирите вардарци кои настапија на овој дуел, Стоилов беше стрелец на два гола, додека Димитриоски и Талески постигнаа по еден гол. На мундијалот во Египет, Македонија одигра шест дуели на кои имаше скор од 1 победа и 5 порази.