Во рамките на 2.коло во младинската машка ракометна лига, младинците на РК Вардар ќе гостуваат кај екипата на Мулти Есенс.
Натпреварот ќе се одигра во понеделник (08.10) со почеток од 18:00 часот во спортската сала во населбата Автокоманда. За судии се делегирани Андреј Јованов и Виктор Терзиевски од Скопје, додека делегат ќе биде Моника Ѓорѓиевска.