Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар врза три победи во низа, победа и во Гевгелија
ЖРК Вардар врза три победи во низа, победа и во Гевгелија

ЖРК Вардар врза три победи во низа, победа и во Гевгелија

Во рамки на 4.коло гостуваме во Гевгелија кај истоимената екипа и ја совладавме со убедливи 16-37.

Отворивме со фуриозен старт, ги затворивме приодите кон голот на Ѓорѓиевска па поведовме со убедливи 0-7. При резултат 5-15 дојдовме до двоцифрена предност, која остана до крајот на дуелот. На одмор заминавме со 8-18, за нас. Во вториот дел Царчев даде прилика на целата клупа, сепак ритамот остана исти, ние бевме тимот кој доминира. Дојдовме до убедлива победа со резултат 16-37.

Ивона Трпевска беше прв стрелец со 6 гола. Добар деби настап имаа двете кадетки Дона Тодоровска и Леона Миленкоска со по 5 гола. Сара Стефаноска постигна 4 гола. Потоа Ивона Кимовска и Тамара Ивановска стрелаа по 3 пати
➡️Четири девојки имаа по 2 гола се работи за близначките Коцеви, Велјаноска Михаела, и кадетката Леона Деметра Франгоска
Три девојки: Попова Нина, Симона Василева и Радевска Бојана стрелаа по еднаш во мрежата на противникот

Голманките беа одлични: Вероника Ѓорѓиевска впиша 10 одбрани, а Марија Галачева имаше 8 интервенции