Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Македонија ЃП совладана од нашите пионери
Македонија ЃП совладана од нашите пионери

Македонија ЃП совладана од нашите пионери

Пионерите на ФК Вардар ја совладаа екипата на Македонија ЃП на натпревар на кој бевме домаќини со 3-0 (2-0).

Вардар тргна офанзивно на самиот почеток, ние имавме повеќе од играта. Веќе во 7.минута поведовме со 1-0 прекуЏолев Марко. И по тој погодок напаѓавме со цел да ја удвоиме предноста на натпреварот. Две прилики за тоа имаше Јорданоски Михаил најпрвин од слободен удар, а потоа и од една шанса по корнер од десната страна. Стрелецот на првиот гол Џолев украде една топка мина три играчи на Македонија ЃП и голманот и погоди за 2-0, резултат со кој се замина на одмор.

FB_IMG_1696684380455

Вториот дел започна со две прилики на Македонија ЃП, сепак на нашиот гол Лука Јаневски беше на ниво. Голема шанса за погодок имаше двојниот стрелец, нашиот Џолев сепак голманот на гостите успеа да одбрани. Нашата теренска иницијатива во вторите 45.минути на овој суперлигашки пионерски натпревар беше наградена во 70.минута. Јорданоски Михаил ги постигна конечните 3-0 на оваа средба и донесе нови три бода за црвено-црни пионери.

FB_IMG_1696684386917

⚽️Вардар:Јаневски Лука, Ивановски Алексеј, Керими Фуад, Блажевски Иван, Јорданоски Михаил, Каруловски Кристијан, Петаноски Стојанов Гаврил, Џолев Марко, Бакрачески Бобан,Трајчевски Гоце и Дамевски Филип.

⚽️Играа уште:Атанасовски Стефан, Јовановски Никола и Дрогрешки Миле.