Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери убедливи со Македонија ЃП
Пом.пионери убедливи со Македонија ЃП

Пом.пионери убедливи со Македонија ЃП

 Помладите пионери на ФК Вардар во рамки на 6.коло на домашен терен ја совладаа екипата од Ѓорче Петров со резултат 3-0.

FB_IMG_1696687623028

Првиот дел го добивме со целосна доминација во поле, ние бевме тимот кој имаше повеќе од играта, па на пауза заминавме со два гола повеќе. Победивме со 1-0 преку Стаматоски Стефан кој со глава го отвори резултатот. Имавме напади со цел да ја удвоиме предноста. Се обидовме преку Миланоски и Бојовиќ-Заев, сепак не успеавме. Во последната минута топката ја доби Буцевски Дамјан кој по соло продор погоди за 2-0 резултат со кој се замина на одмор.

FB_IMG_1696687631347

Тргнавме офанзивно на почетокот на вториот дел имавме повеќе од играта. По првата конкретна прилика погоди Митаноски Илија, кој влезе во казнениот простор и стрелаше по земја за 3-0. Противникот се закани кон голот на Грбевски Павел, сепак нашиот голман беше на место. Своја прилика за погодок имаше и Заев-Бојовиќ. Со офанзивна игра ја зачуваме предноста и освоивме три бода.

FB_IMG_1696687626503

⚽️Вардар: Грбевски Павел, Јевтоски Христијан, Цветковски,Ташовски Иван (К), Митаноски Илија, Бојовиќ Заев Душан, Бујароски Стефан, Блажевски Петар, Буцевски Дамјан, Стаматоски Стефан и Делев Данило.

⚽️Играа уште: Шотаровски Марко, Кадрији Ендрит, Велковски Теодор, Симоновски Михаил, Каранфилоски Матео, Трпевски Давид, Алексов Михаил, Богдановски Лука, Георгиев Матеј и Лазаревски Кристијан.