Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Половичен успех за ФК Вардар во регионалната лига
Половичен успех за ФК Вардар во регионалната лига

Половичен успех за ФК Вардар во регионалната лига

Во рамки на 2.коло од Регионалната лига Вардар ген.2010 на домашен терен го совлада Шкупи со резултат 4-0.

FB_IMG_1696687924819

Првиот дел целосно ни припадна ,ние бевме подобар ривал. Од слободен удар Краљевски Мартин во 15.Минута погоди за 1-0. Две минути потоа удвоиме преку Антевски Павел кој со удар од 25.метра стрелаше за 2-0, во спротивниот десен долен агол. Атанасовски Михаил со глава ги постави конечните 3-0 за првиот дел, после ценатар шут од Калин Аврамовски.

FB_IMG_1696687929772

Во вториот дел имавме неколку прилики, Ибраими Џихан се закани кон голот на противникот. Печат на средбата со голот за конечно 4-0 стави Донев Стефан, после една наша добра искомбинирана акција, Донев шутираше прецизно во самиот десен агол.

⚽️Вардар: Ангеловски Марио, Аврамоски Калин,Трпевски Матеј, Јовановски Ведран, Ибраими Џихан, Атанасовски Михаил, Антевски Павел, Јоакимовски-Јакимовски
Лука,Јовановски Ведран, Краљевски Мартин и Донев Стефан.

⚽️Играа уште: Нушевски Мирослав, Гиевски Теодор Лазаревиќ Марко, Митевски Лука, Спирковски Тео, Томев Алек, Божиновски Павел.

Во 2.коло од Регионалната лига Шкупи не совлада со резултат 1-5 кај ген.2009

FB_IMG_1696687942011

Тргнавме офанзивно имавме дузина шанси при резултат 0-0, најпрвин се обиде Јовиќ Андреј. Потоа Коста Бошковски погоди во гредата, а Колевски Даниел упати удар крај стативата. Стигна казна по една наша грешка ривалот поведе со 0-1, а до крајот на првиот дел успеа да поведе со 0-3, резулатат со кој заминавме на одмор.

Во вториот дел тимот на Шкупи поведе со 0-4, ние се вративме на три негатива со голот на Дошев Максим за 1-4. Овој натпревар го изгубивме со резултат 1-5.

⚽️Вардар: Грчевски Лука, Колевски Даниел, Дошев Максим, Котески-Митровски Павел, Павлов Вито, Нешовски Ангел, Бошковски Коста, Колевски Давид, Ангеловски Вилијам, Галевски Лука и Јовиќ Андреј.

⚽️Играаше уште и Смиљков Мартин.