Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Фудбалерките на Вардар со 4/4 во лигата
Фудбалерките на Вардар со 4/4 во лигата

Фудбалерките на Вардар со 4/4 во лигата

Вардарки стигнаа и до четвртата последователна победа во втората женска фудбалска лига.

FB_IMG_1696688696665

Денес на Цементарница, избраничките на Теодора Димитровска беа подобри од екипата на Порече 2015 со резултат 3:0, со голови во првиот дел од натпреварот.

FB_IMG_1696688637971

Уште на полувреме ги решивме сите дилеми околу конечниот победник кога на одмор се замина со резултат 3:0. Мила Наумовка (30), Данче Карпузовска (33) и Теодора Јанковска (37) беа стрелци на головите.

Вториот дел го приведовме мирно, едноставно ги штедевме силите за следните предизвици. Важно е што успеавме да освоиме нови три бода и да ја продолжиме победничката серија.

Вардар: Верица Колевска, Амире Азизи, Драгана Гегова, Фикрије Селими, Данче Карпузовска, Викторија Игњатовска (К), Мила Наумовска, Миа Закев, Анастасија Влинтовска, Теодора Јанковска, Јована Максимовска.

Играа уште и Сања Чубриновска, Сара Хот и Сара Сточевска.