Во рамките на предпоследното коло од младинската ракометна лига, избраниците на Стојан Петрушевски забележаа убедлива победа на гостувањето во Битола. Совладан беше нивниот ривал, екипата на Пелистер. Конечниот резултат гласеше 21:33. Само до крајот на првото полувреме, домаќините успеваа да одржуваат некаква резултатска рамнотежа, иако во текот на сите 30 минути имавме константна предност. На полувреме се замина со солидно водство на нашиот тим, со резултат 12:16
Во вториот дел до израз дојде квалитетот и физичка подготвеност на нашиот тим. Црвено-црните како течеше натпреварот, се повеќе ја зголемуваа предноста, за на крајот да достигне позитива од дванаесет погодоци. Во нашите редови највеќе се истакнаа Стефан Трпчевски со 8 постигнати голови. Капитенот Александар Димовски и Тоше Ончев го завшија мечот со по 6 погодоци.
Во последното коло, Вардарци на домашен терен ја пречекуваат екипата на Преспа од Ресен. Сеуште не е одреден точниот датум на одигрување на истиот. Младинците имаат 100% учинок во првенството и се сигурен учесник на завршниот турнир на кој ќе се одлучува идниот Шампион во младинска категорија. Турнирот на најдобрите четири екипи е предвидено да се