Време е за Градското дерби, дербито помеѓу претендентите за овогодинешната титула екипите на Вардар и Работнички. Разликата е само три бода, и двете екипи играат топло, ладно оваа сезона. Нашиот Вардар по една убава серија од победи, беше запрен во петокот во Куманово, додека пак Работнички одигра 2:2 со Металург. Ова ќе биде натпревар во рамките на 27-то коло во нашата фудбала лига, Вардарци имаат освоено 58 бодови, додека пак Работнички има 55, овие два тима се слични и во реализацијата, Вардарци имаат постигнато до овој момент вкупно 44 голови, а Работнички има 43 голови.
Оваа година Вардар е поуспешен во меѓусебните дуели, како гостин победи со 0:2, а како домажин на натпреварот во борба за есенската титула резултатот заврши 0:0 секако дека овие два тима ќе се сретнат уште два пати најмалку, во плеј – офот.
Се надеваме на една одлична игра, конечно лик на Европски Вардар, и победа! Па затоа сите на стадион за Вардар! ВАРДАР – Работнички 18 часот Арена Филип II Македонски – Билети 100 денари за север