Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ”Страшниот џин ќе пука” за Вардар
”Страшниот џин ќе пука” за Вардар

”Страшниот џин ќе пука” за Вардар

Страшниот џин, и репрезентативец на Шпанија, Хорхе Македа од лето ќе ги кине мрежите на противниците во дресот на Вардар. Се е договорено, овој робусен десен бек, од лето ќе го носи црвено – црниот дрес. Во моментов Македа настапува за тимот на француски Нант, веќе долго време Македа е во тимот на Нант. Три сезони го носи дресот на францускиот тим, претходно играше во својата земја, за тимот на Арагон, а има настапувано и за тимот на Барселона – Цифец.

Трофејниот играч, и репрезентативец на Шпанија, во својата репрезентативна кариера има освоено два бронзени медали, и еден златен медал со златната генерација на Шпанија.  Несомнено Вардар ќе добие одличен десен бек. Македа е висок 1,95 а има  105 килограми.