Навивачката група Комити која е позната позната како патриотска и хумана група која помага на многумина , која зад себе има редица хуманитарни настани , за денешниот меч одлучи сите карти да одат за лекување на еден виден член .
Како што сите знаеме навивачката група Комити многу пати до сега учествувала во хуманитарни и општествени акции, но медуимите за тоа никако да дознаат, тука се само за „хулиганските“ работи, но тоа сега да го оставиме на страна. Комити до сега учествуваа и помогнаа на многу поединци и групи на луѓе, почнувајќи од децата од домовите низ Скопје, крводарителските акции, посетата на Македонците во Пустец, помошта за поплавените од Македонија како и Балканот, поеднинечни акции за членовите на самата група кои имале потреба од помош, како и на членови од другите групи . Епа браќа Комити, дојде моментот кога повторно треба да помогнеме, можеби најмногу до сега, на човекот кој е со групата од самото основање, на легендата од западната трибина, потребно е да му помогнеме на ШТРАКАЛО!
Затоа утре парите од картите од западната трибина ќе одат за лекувањето на Штраки. Исто така ќе има и кутија за донации за оние кои дополнително сакаат да помогнат.
Затоа сите на запад. За Вардар, за Скопје, ЗА ШТРАКАЛО!!!