Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар го освоија петтото место на турнирот “Дубрава 2016“

Младинците на РК Вардар го освоија петтото место на турнирот “Дубрава 2016“

Младинците на РК Вардар предводени од тренерите Чивлачки и Грчевски го освоија петтото место на турнирот “Дубрава 2016“ кој изминативе денови се играше во Загреб.

Во мечевите за пласман, нашата младинска екипа се сретна со екипата на Вараждин. Овој дуел го добивме со резултат 22:20 и во текот на сите 50 минути имавме постојано водство. Добрата одбрана на Вардарци беше пресудна за конечниот исход на овој натпревар. По првото полувреме имавме водство од 13:6.

На натпревар за петтото место игравме натпревар со домашната екипа на Дубрава. Слично како на претходниот дуел, така и на овој меч имавме контрола на резултатот. По првото полувреме имавме минимална предност од 8:10. Многу подобра игра во второто полувреме, во кое постојано ја зголемувавме предноста. Ниту во еден момент противникот не се закани на нашето водство и рутински го приведовме крајот на натпреварот. Конечниот резултат гласеше 18:24. На овој начин им вративме на Дубрава, за поразот во групната фаза.

На овој начин со победа ги завршивме настапите на овој силен турнир во Загреб. Во четвртфиналето по тешка борба бевме минимално поразени од екипата на Кршко (23:25). Во групната фаза Вардар победи службено против Сесвете 10-0, и Павлеки (28-26) а загубивме од Вараждин 1930 (27-23). Дубрава (25-20) и Загреб (29-16).

Ова е големо искуство за нашите момци, кои одиграа квалитетни натпревари на овој силен турнир.