Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар гордо не претставија на турнирот во Загреб, на крајот завршивме на четвртото место

Пионерите на РК Вардар гордо не претставија на турнирот во Загреб, на крајот завршивме на четвртото место

Четврто место за пионерите на ракометниот клуб Вардар. Ова е епилогот по одигрување на завршните натпревари на турнирот “Дубрава 2016“ ,кај генерација родени 2002 година.

Избраниците на Андријана Будимир и покрај добрите игри во групната фаза, не успеаа на крај да се закитат со еден од медалите. Во полуфиналето за противник ја имавме силната екипа на ППД Загреб. Тука конечниот резултат гласеше 25:14 за противникот. Нашите момци дадоа се од себе и до последната минута играа борбено, но квалитетот очигледно беше на страната на Загреб, која важи за една од најдобрите ракометни школи на Балканот. Првото полувреме го добија со резултат 11:5. На стартот од мечот противникот поведе со три гола разлика, цело време беше во “бркање“ на резултатот, темпо кое очигледно неможеа Вардарци да го издржат.

vardarfans cetvrtto mesto

На натпреварот за треттото место се сретнавме со екипата на Вараждин 1930, тим кој го победивме во групната фаза. Противникот сега ни се реваншираше и триумфираше со убедлив резултат од 26:16. На високиот пораз “кумуваа“ и судиите кои уште од стартот на натпреварот ги презеле работите во свои раце, не дозволувајќи на Вардар резултатски да се одлепи. Очигледно Хрватските судии ги “потгурнаа“ домашната екипа на Вараждин кон освојување на бронзениот медал. Нема што многу да се коментира за овој натпревар, можеби поинаков ќе беше епилогот доколку имаше нормална судиска двојка.

Сепак целокупните впечатоци од турнирот се позитивни за нашите пионери. На ниеден натпревар не бевме надиграни, освен оној за треттото место кога дадовме се од себе, но Загреб сепак покажа дека е голема екипа. Напредокот кај оваа генерација е евидентен, која имаше добри резултати и на турнирите одиграни минатата сезона. Полека, но сигурно предводникот од клупата, Андријана Будимир прави екипа, која во наредниов период треба да биде доминантна и во домашното првенство, но и на турнирите надвор од Македонија.