Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победа и нерешен резултат за пионерските екипи, на дуелите со Милано

Победа и нерешен резултат за пионерските екипи, на дуелите со Милано

Победа и нерешен резултат за пионерските екипи на ФК Вардар во денешното третто коло во првенството на младинските категории. Противник ни беше екипата на Милано, натпревари кои се одиграа во Куманово

Помладите пионери освоија само бод на гостувањето кај оваа екипа. Натпреварот заврши со оној почетен резултат 0:0. Имавме неколку прилики да ја затресеме противничката мрежа, но за жал резултатот остана непроменет.

Тренерот Сашо Јанев се одлучи за следниве 11-сетмина: Рамадани, Ѓурковски, Мирчевски, Манасиевски, Апостоловски, Бојковски, Петкоски, Илиевски, Спировски, Астарџиев, Димовски.

За разлика од нив повозрасните пионери славеа во дуелот со своите врсници од Милано. Уште еден одличен натпревар за оваа генерација, која продолжува со добрите игри. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 0:3. По првото полувреме имавме предност од 0:2. Се се случи за пет минути кога Саит Битиќи најпрво во 30 а потоа и во 35 минута успева да ја затресе мрежата на Милано. Во вториот дел во 72 минута преку Али Адем успеваме да постигнеме уште еден гол и да зголемиме на 0:3, што беше и конечен резултат на натпреварот. По првите три одиграни кола пионерите имаат максимални девет освоени бодови.

Тренерот Сашо Тодоровски започна во следниот состав: Денковски, Спасиќ, Каркалашев-Трајковски, Антовски, Ѓорѓиески, Стојчевски, Дарлишта, Али, Ѓорѓиевски, Пешевски, Бериша, Битиќи.