Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар одигра пријателско реми со Раднички Ниш

Вардар одигра пријателско реми со Раднички Ниш

На денешниот пријателски натпревар Вардарци настапија со овие 11-мина: На голот на нашиот тим по подолга пауза беше Томе Пачовски. Во одбраната беа Брдаровски и Глишиќ како бекови, Грнчаров и Новак како стопери. Во средината на теренот беа Фелипе, Грозданоски и Љамчевски, и во нападот јужноамериканската „двојка“ – Боарето и Обрегон. На клупата за резерви беа: Филип Гачевски, Горан Попов, Виктор Велкоски, Есмин Личина, Дамјан Мекиновски, Теодор Димитровски, Јасир Асани и Филип Стојчевски.

Вардар резултатот го отвори многу рано. Нашиот тим поведе во 14 минута со голот на капитенот Бобан Грначаров. Водството на нашите играчи не траеше многу долго. Во 28 минута гостите од Ниш израмнија на 1-1, со голот на Живкoвиќ. Со овој резултат Вардар и Раднички заминаа на полувреме.

Во вториот дел Вардар створи неколку добри шанси но не успеа и во вториот дел да ја начне мрежата на Раднички. Ова е третта пријателска средба на овие два тима, и овој меч заврши со резултат 1-1.

Стрелци: 1:0 Грнчаров 14’, 1:1 Живковиќ 28’

ВАРДАР: Пачовски (46’ Гачевски), Брдаровски (61’ Велкоски), Глишиќ (66’ Менкиновски), Новак, Грнчаров, Глигоров (77’ Димитровски), Фелипе, Грозданоски (46’ Асани), Љамчевски (46’ Попов), Боарето, Обрегон (65’ Стојчевски).