Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар убедливо го победија Охрид и стигнаа до втората победа во својата група
Младинците на РК Вардар убедливо го победија Охрид и стигнаа до втората победа во својата група

Младинците на РК Вардар убедливо го победија Охрид и стигнаа до втората победа во својата група

Младинците на ракометниот клуб Вардар се вратија на победите во групата 1 од младинската лига. Избраниците на Чивлачки и Грчевски одиграа добар натпревар со екипата на РК Охрид 2013, која ја добија убедливо со резултат 38:23. Овој меч се одигра во спортско рекреативниот центар Кале.

Само во првите десет минути гостинскиот тим беше рамноправен противник, кога резултатот беше израмнет. До крајот на првото полувреме, Вардарци направија голема серија од 10:2 и на полувреме заминаа со водство од 16:8. Во второто полувреме продолживме со добрата игра, која резултираше со зголемување на предноста. РК Охрид неможеше да одговори на силното темпо на игра кое го наметнаа црвено-црните. Високиот пораз беше неизбежен за противникот, кој замина од Скопје со негатива од 15 голови рзлика. Конечниот резултат гласеше 38:23.

Ова беше втора победа на шаите младинци во својата група. Во последното есенско коло, избраниците на Чивлачки гостуваат во Автокоманда, на лидерот Металург 2.

Стојчески го предводеше Вардар со 8 постигнати голови, додека Нанов, Динев и Бикоски постигнаа по 5.

ВАРДАР: Нанов 5, Динев 5, Миланов 2, Милошески 4, Стојковски 3, Тушев, Манев, Бикоски 5, Кизиќ, Олтовски 3, Стојановски 1, Мисаилески 1, Мајсторовски, Радуловиќ, Стојчески 8, Давитковски.