Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Челинџ куп: Шведски тим во ждрепката доби за противник нашиот Вардар СЦЈС
Челинџ  куп: Шведски  тим во ждрепката доби  за противник нашиот Вардар СЦЈС

Челинџ куп: Шведски тим во ждрепката доби за противник нашиот Вардар СЦЈС

Младиот женски сениорски црвено-црн колектив, екипата на Вардар СЦЈС денес го доби за противник шведскиот тим на Х 65 Хорс во Челинџ-Купот. Ждрепката за во 1/8-финалето беше поволна бидејќи добивме противник по мерка, а избегнавме посилни можни противници кои можевме да ги добиеме.

vardarfans-zrk-vardar-scjs

Тие во нивната лига моментално се  четвртото место , како и нашиот тим и таа екипа е составена од млади домашни ракометарки . Во овој двомеч избраничките на Симе Симовски  првиот натпревар ќе го играат во гости, а   вториот дома во С.Ц “Јане Сандански“. Мечевите ќе се играат во наредната 2017 година во месец фебруари. За Вардар СЦЈС ова е втора година во ова натпреварување, во минатото коло сезонава двапати бевме поуспешни од бугарскиот преставник во Челинџ купот екипата на Свиленград.