Младинците на Рк Вардар предводени од Слободан Чивлачки забележаа нова победа во првенството. Во С.Р.Ц. Кале нашите младинци беа подобри од екипата на Прилеп, со резултат 28:25.
Неизвесен натпревар до самиот крај, кој им припадна на црвено-црните. По едно полувреме им припадна на двете екипи. Противникот беше подобар во првиот дел кога имаше предност од 12:15. На почеткот беше израмнето 3:3, но во периодот кој следи екипата на Прилеп е подобар тим, успевајќи да поведе со 4:7. На седум минути пред паузата, Вардарци го загрозуваат водството на гостите и намалуваат на 8:9. Сепак Прилеп фаќа повторно залет за позитива од 12:15 на полувреме.
Во вториот дел гледавме спротивна слика на теренот. Младите Вардарци го постигнуваат првиот гол во вторите 30 минути. Како тече дуелот играме се подобро, второто израмнување од 17:17 се случува во 40 минута. Набргу ја преземеме предноста во своја корист, за прв пат на овој дуел имаме два гола разлика 20:18. Прилеп успева да погоди за 22:21 и да донесе возбудлива завршница. Сепак последните пет минути им припаднаа на Вардар, кои постигнаа повеќе голови за конечни 28:25. Андреј Мицаноски беше најефикасен со 6 голови, Филип Николов и Марко Мишевски додадоа по 5.
Рк Вардар: Ставровски, Босиловски 2, Стојчевски 3, Овнарски , Чакалиќ 4, Јаховиќ 1, Барлаковски 2, Блажевски, Николов 5, Мицаноски 6, Бабанов, Мишевски 5, Кочаров, Давчев , Хаџидимовски .