Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Освоен е Прилеп, младинците на РК Вардар го надиграа домаќинот и ја запишаа втората победа во лигата
Освоен е Прилеп, младинците на РК Вардар го надиграа домаќинот и ја запишаа втората победа во лигата

Освоен е Прилеп, младинците на РК Вардар го надиграа домаќинот и ја запишаа втората победа во лигата

Младинците на РК Вардар со победа се враќаат од гостувањето во Прилеп, каде вечерва беа подобри од екипата на Прилеп 2010, во рамките на групата 1 од младинската лига.

Одличен натпревар одиграа избраниците на Чивлачки и Грчевски, кои целосна ја надиграа домашната екипа, на која и дозволија да има само стартно водство од 1:0, за во следните минути да постигне шест последователни голови и да има водство од 1:6. Едноставно игравме подобар ракомет од противникот и како одминуваше првото полувреме, постепено но сигурно растеше предноста во наша корист. Црвено-црните имаа водство и од 6:12, за екипата на Прилеп да намали на 7:12. Од овој момент следи нова серија на Вардарци од 1:5 за зголемена предност од 8:17. На две минути пред крајот на првото полувреме стигнавме и до двоцифрена предност од 11:21, за Прилеп да псотигне два гола и на одмор да замине со негатива од 13:21.

Вардар немаше никаков проблем ниту во второто полувреме да ја зголемува разликата и одржуваше силно темпо на игра, на кое очигледно беше дека екипата на Прилеп не можеше да парира. Ја вративме двоцифената предност од 14:24. За да биде поинтересно и ако може да се каже “понеизвесно“ екипата на Прилеп успеа во 40 минута да намали на 20:26. Оваа разлика се одржуваше се до резултат 24:30, кога Вардар повторно побегна на високи осум голови разлика. Високата предност ни овозможи “комотност“ во играта, која ја искористи Прилеп, но само до крајот да стигне до достоен пораз. Конечниот резултат гласеше 32:26.

Ова беше втора победа за младинците на Вардар од исто толку одиграни натпревари. Најефикасен на вечерашниот меч кај црвено-црните беше крилото Ален Ќосевски со 10 гола, додека пикерот Андреј Мицановски беше стрелец на 7 погодоци.

РК Вардар: Тушев, Мишоски, Миланов, Ќосевски 10, Милошевски 5, Аљији, Крстевски 1, Олтовски, Бикоски 6, Петковски, Мисаилески, Мајсторовски, Радуловиќ, Ѓорѓиев 3, Наков 4, Мицаноски 7.