Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Победа за РК Преспа, додека Кисела Вода и Бисинов одиграа со нерешен резултат, кај генер. 2002/03
Јуниор лига: Победа за РК Преспа, додека Кисела Вода и Бисинов одиграа со нерешен резултат, кај генер. 2002/03

Јуниор лига: Победа за РК Преспа, додека Кисела Вода и Бисинов одиграа со нерешен резултат, кај генер. 2002/03

Денес на Кале се одиграа два натпревари, во машкиот дел на “Јуниор“ лигата,кај генерацијата родени 2003/03 година.

Екипите на Бисинов и Кисела Вода одиграа со нерешен резултат. Во првите пет минути се играше гол за гол и израмнето, се до резултат 4:4, кога екипата на Кисела Вода успева да направи серија од 0:3 и за прв пат на мечот да има предност од 4:7. Гледавме интересен и пред се борбен натпревар. Двете екипи ги посакуваа бодовите и беа подготвени за надигрување.Ниту екипата на Бисинов не се предаваше па набрзина намали на 6:7, но Кисела Вода беше решена да има предност по првото полувреме. Повторно серија од три последователни погодоци за оваа екипа, која веќе се одлепи на четири гови разлика (6:10). Повторно резултатска неизвеснот, кога Бисинов намали на само еден го негатива (10:11), за по првото полувреме Кисела Вода да има предност од два гола (11:13).

2 3

Оваа разлика од два гола беше активна и по пет минути игра во второто полувреме, кога резултатот на семафорот гласеше 14:16. Кисела Вода речиси водеше и пред крајот на натпреварот, а беше поблиску до триумфот кога имаше водство од 16:19 и 19:21, за да дозволи во последните две минути во неизвесна завршница, екипата на Бисинов да го израмни резултатот на 21:21, што беше и конечен резултат на крајот од натпреварот. Кај екипата на Бисинов, најефикасен беше Лазе Стојанов кој постигна осум голови, додека кај Кисела Вода, Петковски и Гајдоски имаа по пет погодоци.

Победа забележа и екипата на Преспа во дуелот со тимот на РК Урдаревски. Тука се водеше гисто така голема борба за триумф, но ресенчани во вториот дел го скршија отпорот на Урдаревски и заслуќено победија. Екипата на Урдаревски во првиот дел имаше постојано водство и контрола на резултатот, тие во три наврати имаа предност од два гола разлика (2:4, 4:6 и и 5:7). Сепак Преспа не дозволуваше Урдаревски да се одлепи, па секогаш го израмнуваше резултатот и тоа дури шест пати во првиот дел ниту еден од тимовите не беше во позитива. Сепак екипата на Урдаревск беше таа која на одмор замина со водство од 10:11. И на стартот на вториот дел се играше гол за гол, но само за кратко кога при резултат 12:12, избраниците на Иван Ангеловски го направија вистинскиот исчекор и направија серија од 6:0 и поведоа со најголеми 18:12, по што Урдаревски немаше сили да се врати на натпреварот. Последните осум минути беа рутина за Преспа, која славеше победа со резултат 20:15. Најефикасен во победата беше Костовски кој постигна 7 голови, додека Арсовски додаде 5.