Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Рк Вардар, почнуваат со тренинзи на 12-ти август
Младинците на Рк Вардар, почнуваат со тренинзи на 12-ти август

Младинците на Рк Вардар, почнуваат со тренинзи на 12-ти август

Младинската екипа на Рк Вардар предводена од Зоран Петковски својот прв собир за новата сезона, ќе го има на 12-ти август во С.Р.Ц. Кале. Ова е всушност тимот кој минатата сезона, го освои вицешампионското место во кадетска конкуренција. Иако се многу помлади за да се натпреваруваат во младинската лига, сепак имаат право на настап и тоа за нив ќе претставува голем предизвик. Планирано е на 17-ти август или некој ден порано да се тргне на припреми, кои ќе се одвиваат во Крагуевац(Србија).

Мартин Николовски и Мирослав Стојановски се слободни играчи и можат да си бараат нов клуб. Дилема останува Мартин Николовски, со кој уште не е познат неговиот статус во Вардар. Екипата се засили со Христијан Ѓоршоски, Марио Гичев, Антонио Јаневски и Дарио Јорданов. Андреј Мицановски и Андреј Петковски се приклучуваат на тимот, од пионерите. Во погорна категорија заминаа Александр Мирчев, Кристијан Анастасовски, Илија Трпевски и Мартин Димов. Овие момци ќе настапуваат во првата ракометна лига, за Рк Вардар кој ќе ги предводи Стојан Петрушевски.