Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ОФИЦИЈАЛНО! Клубот потврди дека Цезар Ромеро е нов вардарец
ОФИЦИЈАЛНО! Клубот потврди дека Цезар Ромеро е нов вардарец

ОФИЦИЈАЛНО! Клубот потврди дека Цезар Ромеро е нов вардарец

Клубот официјално потврди дека нов член на црвено- црните е 25 годишниот фудбалер Цезар Ромео . Истиот во нашите редови доаѓа од Пјуник – Ерменија каде бил прва “ударна игла“ во нивниот напад и бил најдобар стрелец на екипата во нивното првенство. Претходно има играно во својата кариера и за  Чивас од Америка, потоа во Мурчиелагос од Мексико, исто има настапи и во  Германија вотимот на на Танхаузен.

Ромеро има 12месецен договор со Вардар со можност да се продолжи на уште една година. Со ова треба да се реши најгорливото прашање кај црвено-црните реализацијата тој зад себе носи скор од 26 погодока кој минатата сезона ги постигнал на 25 меча со тоа му помогнал на Пјуник да се закити со титулата шампион на Ерменија .