Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинското машко дерби во Автокоманда, му припадна на Рк Вардар Јуниор
Младинското машко дерби во Автокоманда, му припадна на Рк Вардар Јуниор

Младинското машко дерби во Автокоманда, му припадна на Рк Вардар Јуниор

Младинското дерби во машка конкуренција помеѓу екипите на Металург и Вардар Јуниор, им припадна на црвено-црните. Победата е уште послатка, ако се знае дека мечот се одигра на теренот на противникот, во спортската сала во Автокоманда.

Вардар Јуниор слабо го започна овој натпревар во сите сегменти на играта. Тимот од Автокоманда беше тој што диктираше темпо на игра во најголем дел од првото полувреме. Избраниците на Зоран Петковски не успеваа никако да ја пронајдат вистинската игра, иако тренерот се обидуваше со многу измени да ја подобри играта на својата екипа. По првиот дел Металарг имаше предност од 13:10.

Сепак во второто полувреме гледавме сосема различна ситуација на теренот. Подобрата физичка подготвеност на нашите момци дојде до израз, кои почнаа полека да се доближуваат до водството на противникот. По 10 минути игра во вториот дел дојде до израмнување на резултатот. Набргу потоа го имавме и првото водство на овој меч. Во овој добар период за нас највеќе се истакна голманот Кристијан Стојов, кој само во вториот дел имаше 13 одбрани и бекот Алија Амзоски. Стојов со своите одбрани од кои 3 седмерци во голема мера доприносе да го свртиме резулататот во наша корист, а неговиот соиграч во нападот Амзоски го заврши дуелот како најефикасен со 7 постигнати голови. Добрата одбрана на Вардарци беше пресудниот фактор во второто полувреме, за преземање на предноста. Домаќинот не успеаа да се врати во мечот, па на крајот мораше да подаде рака на подобриот состав од денес, тоа беше Вардар Јуниор. Конечниот резултат гласеше 20:23. Вардар настапи без својот капитен Дамјан Трајковски кој е повреден. Со овој дуел се комплетира есенскиот дел од сезоната, каде Вардар Јуниор го дели првото место со екипата на Пролет.

Во наредниов период следува пауза во лигата, а првите две пласирани екипи ќе разигруваат во плеј-оф.

Рк Вардар Јуниор: Стојов, Куртановиќ, Петковски, Јаневски 1, Јорданов, Димитров 4, Апостоловски 3, Димитриевски 1, Гичев, Лазов, Ѓоршоски, Цветковски 3, Стоилевски 1, Амзоски 7, Јовановски 1, Степановски 1 и Стојановски 1.