Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кристијан Стојов: Подобрата игра во одбраната го реши мечот
Кристијан Стојов: Подобрата игра во одбраната го реши мечот

Кристијан Стојов: Подобрата игра во одбраната го реши мечот

Младинците на Рк Вардар Јуниор со цел “плен“ заминаа од гостувањето во Авоткоманда, откако во дербито беа подобри од екипата на Металург. На овој меч гледавме две резлични полувремиња, кои им припаднаа на дете екипи. Металург имаше предност од три гола во првиот дел, сепак во второто полувреме Вардарци направија целосен пресврт на резултатот за конечни 20:23. Најзаслужен за оваа победа на црвено-црните е сигурно голманот Кристијан Стојов кој во вториот дел имаше 13 успешни интервенции. Од нив три беа од ударите од седум метри.

-Во првото полувреме одигравме под нашите очекувања и можности, затоа и бевме во негатива. Сепак во вториот дел следеше подобра наша игра и можеше да се виде вистинското лице на овој тим на Вардар. Во првите 30 минути имав само една одбрана, но затоа во моментите кога се “кршеше“ резултатот бев на своето претпознатливо ниво и придонесов за триумфот на мојата екипа. Доколку продолжиме со напорни тренинзи и работа, можеме да се надеваме на освојување на младинската лига, изјави Кристијан Стојов за Вардар фанс.

Звонко Ивановски