Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > 13 последователни победи за Фк Вардар генер. “2005“ во детската лига
13 последователни победи за Фк Вардар генер. “2005“ во детската лига

13 последователни победи за Фк Вардар генер. “2005“ во детската лига

Сигурно една од најуспешните генерациии на фудбалскиот клуб Вардар, се момците кои се родени “2005“ година. Оваа генерација која ја предводи тренерот Зоран Петковски прдоолжува со одлични игри и резултати во рамките на детската лига. Денес се одигра 7 коло во ова натпреварување, во кое настапија двете екипи на оваа категорија, кои забележаа убедливи и идентични победи. Ова е вкупно 13-та последовалтелна победа за генерацијата “2005“ во детската лига. Фк Вардар(1) има седум триумфи и шест за Фк Вардар(2).

Фк Вардар(1) за противник денес ја имаше екипата на Башкими. Натпреварот заврши со резултат 10:3. Црвено-црните му дозволија на својот противник да игра само во првиот дел, кога резултатот беше израмнет 2:2. Својата сила и пред се квалитет, нашите млади надежи ја демонстрираа во второто полувреме, кога дури осум пати ја тресеа мрежата на противничкиот голман. Стрелци на головите за Вардар беа: Филип Јовановски(4), Давор Лефковски (3), Никола Величковски (2) и Тино Спасиќ.

vardarfans detska liga

Фк Вардар(2) со идентичен резултат од 10:3, пак го победи Фк Смиљковци. Оваа екипа лошо го започна дуелот, која на два пати имаше негатива од 0:1 и 1:2.  Сепак брзо ги консолидиравме редовите, заигравме многу подобро за уште на полувреме да го свртиме резултатот и имаме предност од 3:2. Најзаслужен за тоа беше Стефан Наумовски кој постигна три гола за само едно полувреме. Во второто полувреме продолживме во исто темпо и стил на игра кој донесе резултат. Противникот не успеаа да направи ништо посериозно, за разлика од Вардар кој ја полнеше нивната мрежа. Хет-трик на овој меч постигна Стефан Наумовски, по два гола беа дело на Бојан Јаневски и Филип Радески. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Петар Пројковски, Исак Петковски и Горјан Цветков.