Вардарки денеска сами се победија во Унгарија. За 30 минути не се добива натпревар. Нашиот ти одигра едно одлично прво полувреме, но потоа ужасно второ во стилот на аматерска екипа, и го загуби овој натпревар. Натпреварот започна изедначено, како што и се очекваше. Првите 10 минути од натпреварот поминаа во знакот на голманот на Вардар, Суслина. Во 11-сетата минута Вардарки имаа предност од 5:4, потоа следуваше една серија на домашната екипа за водство на Ѓер од 6:5. Потоа следуваше една одлична игра на ЖРК Вардар, Радичевиќ погоди 2 пат денеска за водство од +2 за нашата екипа. Суслина влезе во една одлична серија, нејзина 6 одбрана денеска, и брани зицер шут на Локе. Во 23 минута нашиот тим имаше предност од +3 што беа највисоки на овој натпревар. Во 24 минута Вардар поведе и со 13:9, што беше и најголема предност досега за нашиот тим. Сокач погодува од контра за втор нејзин гол денеска, поведовме со 15:11. Суслина ја забележа својата 8 интервенција во 29 минута од натпреварот. Ѓер усепа да намали во 29 минута, за 17:14, што значеше и крај на првиот дел. Суслина се истакна во првиот дел со 9 успешни интервенции. Одлична одбрана на Вардарки во првиот дел!
Во вториот дел како да истрча некоја друга екипа, не Вардар. Ѓер направи серија од 5:1 за да стигне до свое водство на овој натпревар, само второ во 35 минута. За се да тргне наопаку се покрижи Гербич која даде дури 4 голови во вториот дел за 10 минути. во 40 минута резултатот беше 20:18, потоа се редеа само грешки за нашиот тим, а домакинкит успешно само си го зголемуваа водството. Дали Вардарки подлегнаа на притисокот од трибните… но, сепак Вардар се врати, во 52 минута од натпреварот резултатот беше 25:23, но повторно грешка 12 тешничка грешка денеска. Дамњановиќ постигна значаен гол за -1 во 54 минута. Очајна игра на Лекиќ во вториот дел…. Вардарки се вратија! Радичевиќ погди за нерешено, последниот напад го имаше домашниот тим, Пенезиќ очајна денеска, непотребно исклучување на 12 секунди до крајот… Шанса доби Ѓер да постигне погодок, и да победи.. Гол на Локе и победа за Ѓер..