Сите членови на „Зборнаја“ кои се дел од Европскиот првак PK Вардар најверојатно ќе играат на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
В.Д тренерот на црвено-црните и селектор на руската репрезентација, Едуард Кокшаров го скрати списокот на ракометари со кои ќе настапи на собирот на најдобрите на „стариот континент“ кој започнува на 10 јануари. Имињата на Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Сергеј Горбок, Павел Атман, Глеб Калараш и Сергеј Горпишин се најдоа меѓу 22 ракометари со кои ќе замине за Шведска. Руската селекција ќе започне со настапи во Малме каде што ќе играат во Е-групата каде уште се и тимовите на Унгарија, Исланд и Данска.
Повторно СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе биде „база“ на руската селекција и пред ова големо натпреварување.