Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Матеј Киш: Желбата за победа над секој противник и љубовта кон Вардар е она што не прави доминантни на терен
Матеј Киш: Желбата за победа над секој противник и љубовта кон Вардар е она што не прави доминантни на терен

Матеј Киш: Желбата за победа над секој противник и љубовта кон Вардар е она што не прави доминантни на терен

Генерацијата 2008 на ФК Вардар се смета за една од најталентираните во Академијата на клубот. Оваа генерација во изминатите три години на доминантен начин успеваше да ја освои детската лига и да биде Шампион на Македонија. Голем број на деца од оваа генерација даваат големи надежи за во иднина, а еден од нив е сигурно и Матеј Киш. Енергичен играч, кој дава се од себе на секој дуел.

80236851_2650292488383673_2206666922949345280_n

Одлично технички поткован, кој знае често да постигне и атрактивни голови. Многу интересен играч, за кој во иднина се повеќе ќе се слуша. Следното наше интервју е токму со Матеј Киш, од кој ќе дознаеме за неговите фудбалски почетоци, кои се токму во Вардар, успесите со генерацијата 2008 и плановите за во иднина.

81461117_500203980610404_2830270958575550464_n

1. Како започна вашата фудбалска приказна и што претставува овој спорт за вас?

-Мојата фудбалска приказна започна уште од мали години, заедно со мојот поголем брат, Марко. Моите први почетоци се токму тука, во најдобриот и најтрофејниот фудбалски клуб, Вардар, каде што сфатив дека фудбалот е мојот омилен спорт. Овој спорт беше моја прва желба, највеќе ме поттикна мојот татко, кој секогаш ме поддржува и бодри на секој тренинг и натпревар. Фудбалот за мене е најважен, бидејќи ми создава здрава животна навика. 

2. Со оглед дека од почетокот си во Вардар, кој беше првиот тренер од кој имаше можност да учиш ?

-Првиот тренер со кој имав можност да го одработам мојот прв тренинг беше Зоран Петковски. После неколку месеци тренирање не превзеде Сашо Тодоровски, потоа и Томче Трајановски, Петар Георгиевски, Павел Неделковски , Миле Крстев и Влатко Колев. На почетокот на новата сезона, повторно мој тренер е Петар Георгиевски, со кој успешно ја стартувавме новата натпреварувачка сезона. 

3. Со оглед дека и твојот брат настапува во Вардар, кој го препозна вашиот талент за фудбал ?

80414707_784615188683905_154652216026726400_n

-Татко ми е виновникот што се одлучивме за фудбал,тој е спортист и токму тој е виновен што сме дел од црвено црното семејство.

4. Имаше ли посебна причина да започнете да тренирате токму во Вардар ?

-Условите за тренинг кој што ги нуди овој клуб се најдобри од било кој друг клуб во Македонија па не е ни случајно што токму и тука тренираме.

5. Со твојата генерација 2008 минатата сезона имаше можност да настапуваш на неколку квалитетни турнири, кој од нив ќе го издвоиш како најатрактивен ?

80545910_2757459380980222_7794570111217565696_n

-Изминатата сезона настапивме на повеќе турнири надвор од државата.  Како посебен и најсилен меѓународен турнир што го освоивме според мене беше турнирот во Бјелина “Stopama Save Miloševića” каде што успеавме да ги победиме екипите на Војводина и ДинамоЗагреб.

6. Твојот постар брат настапува за генерацијата 2007. Колку често зборувате за фудбал и дали си разменувате мислења околу фудбалот ?

-Бидејќи на двајцата фудбалот ни е заеднички интерес, често зборуваме за нашите фудбалски идоли, ги гледаме нашите утакмици и коментираме како сме одиграле.

a7-660x330

7. Имаш можност да настапуваш за една од најталентираните генерации во Вардар. Во последните три години, вашата екипа е неприкосновена во Македона, речиси и да нема противник кој може да ви парира. На што се должат успесите на генерацијата 2008 ?

-Пред се најзаслужни се тренерите кои не водеа изминативе сезони. Оваа генерација се состои од многу талентирани фудбалери кои даваат се од себе на секој натпревар и тренинг. Желбата за победа над секој противник и љубовта кон клубот е она што не прави доминантни на терен.

131

8. Покрај тоа што сте активен на фудбалските терени, колку Матеј има време да гледа натпревари на сениорскиот тим на Вардар ?

-Секогаш кога имаме време заедно со татко ми и брат ми ја користиме секоја прилика да присуствуваме на натпреварите од првиот тим или пак заедно со нашите тренери

9. Дали имате свој идол, од кој сакате да учите или гледате фудбалски потези ?

-Да секако, како и секој фудбалер во неговите почетоци има и свој идол, мојот идол е Нејмар,од него имам научено повеќе дриблинзи, пасови и начин на игра, но не и глумењето фаули или повреди.

102

10. Како што напоменавте, во Вардар имавте можност да работите со повеќе тренери. Колку време ви е потребно да се навикнете на таквата промена ?

-За мене е потребно неколку тренинзи за да се навикнам на новиот тренер. Секој тренер има различен начин на тренирање со кое го споделува своето искуство а со тоа нашата игра напредува.

11. Дали сметаш дека вашата генерација може да го одбрани трофејот во детската лига ?

Секако, се надеваме на уште победи и би било голем успех да ја одбраниме титулата шампиони на Македонија по четврти пат.

31

12. Кога не играте фудбал, што други правите во слободно време ?

-Слушам музика, се дружам со другарите од маало, играм видео игри и остатокот од времето го поминувам со моето семејство.

13. Дали Матеј има некоја желба или цел која сака да ја оствари во продолжение од фудбалската кариера ?

Да, како и секој млад фудбалер имам желба пред се да играм за првиот тим на Вардар, но и да играм во Холандската лига, поточно во тимот на Фејнорд.

Звонко Ивановски