Пионерите на ракометниот клуб Вардар утре заминуваат за Србија, каде во периодот од 27-29.декември ќе бидат дел од силен меѓународен турнир „Трофеј Белград“.
Организаторот на турнирот ги одреди и групите, во кои ќе се натпреваруваат екипите. Вкупно осум групи составени од по 3 екипи ќе се натпреваруваат на турнирот. Вардар е дел од групата Г, во која се уште и екипите на Партизан ( Србија) и Мокерц Киг ( Словенија). Мечевите ќе бидат во времетраење од 2 полувремиња по 20 минути.
За пласман од 1-8 место ќе играат првопласираните екипи од сите осум групи, а победнивите од овие дуели ќе ја продолжат битката за еден од медалите на турнирот. Вардаровата експедиција предводена од Зоран Петковски, заминува за Белград утре наутро.