Во рамките на Јуниор лигата, кај генерацијата 2002/03 кај момчињата, денеска еден интересен дуел одиграа екипите на РК Бисинов и РК Кале Вардар. Овој дуел со многу голови, го доби тимот на РК Бисинов Вардар со резултат 21-20 (7-9).
Натпреварот започна со два гола на Кале Вардар, потоа следуваше и првиот на Бисинов за 2-1. Некаде на средината на првиот дел резултатот беше 6-4 за тимот на Кале. До крајот на првиот дел и двете екипи беа расположени за игра и голови, па така на пауза со предност од плус два замина тимот на Кале 9-7.
Во вториот дел работите се сменија, тимот на Бисинов почна да игра подобар ракомет, па така во вториот дел постигна дури 14 голови. Некаде на средина на вториот дел резултатот беше 15-15, потоа се играше со еден до два гола предност за Бисинов, за на крај овој тим да победи со само еден гол разлика 21-20. Честитки и до двете екипи за одличната игра денеска.