Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тренерот на Монпелје се извини за стартот врз Дисингер, Кавтичник: Се надевам дека повредата не е сериозна
Тренерот на Монпелје се извини за стартот врз Дисингер, Кавтичник: Се надевам дека повредата не е сериозна

Тренерот на Монпелје се извини за стартот врз Дисингер, Кавтичник: Се надевам дека повредата не е сериозна

Монпелје по втор пат оваа сезона е поразен во дуелите со тимот на Вардар, а вечерашниот неуспех за нив значеше и прерана елиминација оваа сезоната во Лигата на Шампионите, што значи дека ќе немаат можност да ја бранат Европската титула. На прес-конференцијата тренерот Канаје се извини за стартот на еден од неговите играчи врз Дисингер, на стартот од натпреварот, по што нашиот играч мораше да биде изнесен од теренот.

Жал ми е за тоа што се случи на почетокот на натпреварот. Мислам дека тој старт врз Дисингер не беше намерен, Суси не е таков играч, тоа беше само една ситуација, која што се случува на ракометните терени. Навистина се надевам дека тој не е сериозно повреден. 

И Кавтичник искажа жалење, со надеж дека повредата на Дисингер не е сериозна.

Жалам за она што се случи на самиот старт на мечот, се надевам дека повредата на Дисингер не е сериозна и дека бргу ќе се врати на теренот.