Рожерио Мораес Фереира ќе биде дел од светското ракометно првенство кое од 11-23 јануари ќе се одигра во Франција. Добрите игри во дресот на Вардар значеа и повик од селекторот на Бразил за претстојниот мундијал. Фереира се најде и на последниот скратен и конечен список на повикани ракометари за СП во Франција.
Бразил на овој мундијал ќе биде во група со селекциите на Франција, Полска, Русија, Норвешка и Јапонија. Очекуваме добри игри од Вардаровиот пикер и кревање на формата во продолжение на натпреварите за Вардар во оваа натпреварувачка сезона.