Пиокерот на Вардар, Рожерио Мораес Фереира со репрезентацијата на Бразил обезбеди пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одигра во Германија и Данска. “Кариоките“ со трумфот во полуфиналето против Чиле (24:32) обезбедија настап на големото натпреварување, без оглед на вечерашниот исход во финалето против селекцијата на Аргентина, во рамките на квалификациите на Пан Америка. Финалистите имаат загарантиран пласман на СП, како и третопласираната селекција.
Бразил на овие квалификации одигра пет натпревари, на кои забележа исто толку победи. Совладани беа селекциите на Колумбија (22:42), потоа Парагвај (40:14), Гренланд (26:36), Уругвај (35:21) и во полуфиналето против Чиле (24:32).
Вечерва се игра големото финале против Аргентија, а Бразил на последните пет меѓусебни дуели со овој противник има скор од четири победи и еден нерешен резултат.