Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Може ли Вујо да го врати Вардар на победничките патеки?
Може ли Вујо да го врати Вардар на победничките патеки?

Може ли Вујо да го врати Вардар на победничките патеки?

Утревечер во Унгарија се игра дуелот на Пик Сегед и нашиот Вардар. Овој натпревар е многу важен за избраниците на Вујовиќ бидејќи со победа вардарци ќе го тргнат огромниот терет од своите плеќи и ќе покажат дека се излезени од огромната резултатска криза, во спротивно ќе следи уште еден пораз, четврти во низа со што и дефинитивно ќе започне да се тресе столчето на Вујовиќ.

Вардарци ќе мораат да одиграа вистински натпревар и да го надминат веќе постоечкиот проблем, а тој е одлично прво полувреме или 40.минути, а потоа голем пад во играта и на крајот пораз. Противникот нема да биде нималку наивен, а и Вардар ќе ја брка првата победа сезонава во ЛШ како гостин. Голманите ќе треба да имаат свој ден, а нападот да профункционира како во првите натпревари од сезоната. Се надеваме дека токму оваа пауза беше добредојде за Вардар и Вујовиќ, кој им укажа на шутерите каде грешат, односно кој агол од противничкиот гол треба да го стрелаат прецизно.

Останува да сочекаме и да видиме како оваа пауза ќе делува на Вардар. Дали играчите си ги средиле своите мисли, или пак ќе продолжат по старо. Ние се надеваме дека токму утре ќе славиме голема победа и ќе се вратиме на победничките патеки.

Утрешниот дуел започнува со почеток од 18-45 часот.