Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > БРАВО!!! ЖРК ВАРДАР СО ШАМПИОНСКА ПОБЕДА, ПАДНА МЕТАЛУРГ ВО АВТОКОМАНДА
БРАВО!!! ЖРК ВАРДАР СО ШАМПИОНСКА ПОБЕДА, ПАДНА МЕТАЛУРГ ВО АВТОКОМАНДА

БРАВО!!! ЖРК ВАРДАР СО ШАМПИОНСКА ПОБЕДА, ПАДНА МЕТАЛУРГ ВО АВТОКОМАНДА

Во големото дерби во групата-Б, ЖРК Вардар гостуваше кај Металург во Автокоманда. Во еден квалитетен и возбудлив дуел покажавме зашто сме лидери и ги фрливме на колена домаќинките, ние победивме со резултат 21-22.

258119553_446638473755792_40502070230480489_n
Отворивме со водство (0-1) преку Михаела Стојановска, домаќинот во следната акција изедначи. Вардарки имаа одличен старт на првиот дел па со три врзани гола поведоа со 1-4 во 7.минута кога Стојановска беше непогрешлива од пенал. Домаќинот врати со иста мерка и успеа да изедначи на 5-5 во 16.минута од дуелот. Трајкоска влезе во игра беше одлична на голот, во поле младата Борјана Коцева играше борбено, сите играчи го дигнаа нивото на игра и тоа донесе позитивен исход. Поведовме со четири гола (6-10) од како во стил на крило, нашиот пикер Катерина Дамјаноска украде една топка и во контра заби за плус четири. По една одбрана на Трајкоска и по брза транзиција успеавме прв пат да отидеме на плус шест на минута и пол до крајот, кога Миновска погоди неверојатно за 7-13. На одмор се замина со комотни за нас пет разлика, односно со резултат 8-13.

257978322_446638027089170_8474599806026629193_n 257943269_446638180422488_526151369674128398_n 257483386_446638697089103_2792712803993807510_n
Металург одлично не затвори на крилните позиции во вториот дел, тоа го искористи за да ја анулираат нашата предност, со неверојатна серија 5-0 во 37.минута тие изедначија на 13-13 и го вратија натпреварот на почеток. Кога беше најпотребно, Трајкоска врза две одбрани, во напад тоа го награди Трпевска од пенал во 40.минута(13-15) кој со пожртвуван влез го избори Миновска. Домашниот тим не се предаваше, на своја страна имаше и играч повеќе па успеа со серија 3-0 да поведе (16-15). Ристова во „оган“ го уфрли најмладиот играч, кадетскиот голман Вероника Ѓорѓиевска. По неколу добри одбрани на тимот и нејзини две, во напад награди Трпевска со брзо истрчана контра погодувајќи за 16-19 во 48.минута.

256259872_446638190422487_5695111847511639451_n
Вардарки од прва до последна играа со срце, Џатевска командуваше со одбраната која во овој период од мечот беше непробојна. Анулиравме опасен напад за сино-белите да дојдат на само гол негатива при 17-19, Ѓорѓиевска фати „жива топка“ покажувајќи дека е најдобар кадетски голман во земјава и дека неправедно немаше место во селекцијата ова лето во кадетска конкуренција. Во напад изборивме пенал, нашиот „егзекутор“ за вакви прилики Стојановска погоди за 17-20 во 52.минута. Ни падна концетрацијата во финишот, домаќинот во 57.минута израмни на 20-20. Ваков меч и заслужуваше да заврши драматично, имаше до крај 235.секунди за решавање на победникот. Следеше Миха-Шоу, најпрвин Стојановска изведе пенал онака со „камен поглед“ се позиционираше на 7.метра, кон голот упати сигурен и секако прецизен удар, а потоа во следната акција погоди таму каде што некој не би ставил рака мина со цело тело крај два чувари и стрелаше за 20-22 на 2.минути и 05.секудни до крај. Повторно дојде невоља, исклучен играч и пенал за домаќинот. Намалија на 21-22, во напад промашивме, но ни домаќинот не ја совлада Вероника па победивме со минимални, но заслужени 21-22.

258219410_446638363755803_6317489909649568167_n 257371834_446638040422502_4740703047857024438_n

Сите девојки беа како една на овој меч, прв стрелец беше Стојаноска Михаела која имаше 7.гола, Трпевска Ивона погоди 6.пати,а Марија Галевска стрелаше 3.пати. Кај голманите Трајкоска впиша 6 одбрани, Ѓорѓиевска 4.пати сопра удар.

256604776_446638217089151_4571982763298214315_n
Со оваа победа и максимални 24.бода сме лидери на табелата, зад нас е Металург со дури шест бода заостаток зад црвено-црните дами.