Исландаските арбитри Јонас Елиасон и Антон Палсон ќе ја делат правдата на утрешниот натпревар во Унгарија на домаќинот Пик Сегед и нашиот Вардар.
Вардарци ќе се обидат на овој дуел да ја прекинат црната серија и конечно да слават победа. Нема да биде ни малку лесно, бидејќи за противникот го имаат одличниот унгарски тим составен од супер ракометари на различни позиции.
Дуелот утре од Унгарија, започнува со почеток од 18:45 часот со директен пренос на Арена Спорт 2.