Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Комити > „Комити“ пред дербито: Вардар го сака цело Скопје и Македонија, ги повикуваме сите „Комити“ да се приклучат!
„Комити“ пред дербито: Вардар го сака цело Скопје и Македонија, ги повикуваме сите „Комити“ да се приклучат!

„Комити“ пред дербито: Вардар го сака цело Скопје и Македонија, ги повикуваме сите „Комити“ да се приклучат!

Ракометарите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе водат голема ракометна битка во сабота, а доколку Вардар победи тогаш ќе биде многу блиску да ја одбрани и оваа титула и повторно да стане шампион на Македонија.

На денешната прес-конфернеција на ,,црвено – црните”, имаше претставник и од ,,Комити” кој ги повика сите навивачи да дојдат во сала и да го бодрат Вардар кон нова голема победа.

„Се надеваме на полна сала во сабота. Вардар го сака цело Скопје и Македонија. Тимот е симбол на градот. Среќни сме што имаме достоен ривал во лигата, што не било случај одамна. Потребно е да има ривали за да има битки. Победа во дербито ќе ни значи повеќе, бидејќи ќе биде крупен исчекор кон титулата. Ги повикуваме сите „Комити“ да се приклучат и да ја прославиме 35-годишнината“, рекоа од ,,Комити”.