Како увертира за двомечот од 1/8 финалето во ЛШ против екипата на Веспрем, црвено-црните во сабота ги очекува важен натпревар во борбата за шампионската титула во домашната Супер лига. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Еурофарм Пелистер, кој е најголем конкурент на Вардар за освојување на двојната круна во Македонија.
Денес Вардар одржа прес-конференција на која ги сподели очекувањата за дербито против Еурофарм Пелистер. На истата присутни беа капитенот Стоилов и Дибиров.
„Ова не е натпревар кој ќе го реши првенството, ама може да ни ја подобри ситуацијата. Се работи добро во клубот, напредуваме со доаѓањето на Дејвис и сметам дека сме на вистинскиот пат, да се обидеме полека да го вратиме клубот каде што припаѓа. Со Еурофарм Пелистер играме дома, пред наша публика и им честитам на „Комити“ кои слават 35 години. Се надевам ќе победиме, истакна Стоилов.
„Не сметам дека натпреварот ќе го одлучи шампионот. Знаеме дека е многу важен за предност на табелата во иднина. Се однесуваме со респект кон ривалот, ама секогаш очекуваме домашни победи. Овој натпревар се чека цела сезона, сметам дека со посветеност и борба треба да дојдеме до победа и ќе ги израдуваме фановите, изјави Дибиров.
Натпреварот во сабота ќе започне од 17:00 часот.