Претстојниов викенд на програмата е 6.коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите.
Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Брест Мешков, во обид да и стави крај на негативната серија од два порази. Без оглед што имаме проблеми со повредени играчи, црвено-црните морат да одат на победа на овој дуел, како би се вратила самодовербата кај играчите и борбата за највисок пласман во групата. Брест Мешков има само една победа, после пет одиграни кола, па Вардар е фаворит за освојување на бодовите.
Дербито во групата ќе се одигра во Полска, каде Киелце е домаќин на тимот на Веспрем. Очекуваме неизвесен, израмнет и борбен натпревар. Киелце има мала предноста поради домашниот терен, што не мора да значи дека и ќе триумфира на овој дуел. Во домашниот состав ги нема повредените Гебала и Јахлевски, како и Даниел Душебаев кој се врати на тренинзите после долгата пауза, но се уште не е подготвен за игра. Давид Дејвис нема проблеми со повредени ракометари, па на саботниот меч ќе излезе со својот најсилен состав. На табелата, Веспрем има само еден бод повеќе од екипата на Киелце.
Интересен меч не очекува и во Португалија, каде Порто е домаќин на тимот на Монпелје. Интересно во пресрет на овој дуел е тоа што Порто нема пораз на домашен терен, додека Монпелје оваа сезона не загубил на гости. Монпелје има 6 бодови, додека Порто 5. Сигурно дека и тука не очекува неизвесен дуел, околу тоа кој ќе ги освои бодовите, шансите за триумф се израмнети и за двете екипи.
Во неделниот термин кога игра Вардар, на теренот ќе излезат и екипите на Мотор Запоржје и Кил.Избраниците на Јиха играат одлично сезонава и се наоѓаат на првото место на табелата, додека Мотор се наоѓа на последното место во групата, со само еден освоен бод. Кил е фаворит за освојување на бодовите, но изненадувањата се секогаш актуелни, па оставаме да видиме што ќе се случи на овој меч.
Термини за натпреварите од 6.коло во најсилната група Б:
Вардар – Брест Мешков 17:00 ( недела)
Киелце – Веспрем 15:00 ( сабота)
Порто – Монпелје 19:30 ( сабота)
Мотор – Кил 17:00 ( недела)