Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Начевски и Николов по трет пат сезонава ќе им судат на Вардар и Еурофарм Пелистер
Начевски и Николов по трет пат сезонава ќе им судат на Вардар и Еурофарм Пелистер

Начевски и Николов по трет пат сезонава ќе им судат на Вардар и Еурофарм Пелистер

Најдобрата судиска двојка во Македонија Ѓорѓи Начевски и Славе Николов и по трет пат сезонава ќе им судат на Вардар и Пелистер.

Повторно честа да го судат македонското ракометно дерби ја добија секако најдобрите. Истиве судии беа дел и од првиот натпревар кој се одигра во Јане Сандански кој заврши со победа на Вардар (35:27), како и во финалето на Купот кое им припадна на црвено-црните со резултат 26:24.

Начевски и Николов важат за едни од најдобрите судии и во Европа, каде често се дел од завршните турнири во Лигата на Шампионите, но иста така во континуитет се дел од Европските и Светските првенства. Речиси, без грешка ги одработија претходните два дуели на Вардар и Еурофарм Пелистер, па така се очекува да биде и во четврток, кога на програмата е натпреварот кој може да го реши Шампионот на Македонија.