Најверните навивачи на Вардар, популарните ,,Комити” се собраа пред стадион како би му дале поддршка на ФК Вардар пред последниот натпревар оваа сезона. ,,Комитите” велат дека од сега па натаму ќе бидат уште по бројни и дека ќе го вратат Вардар на вардарците и на народот.
.
Нивното соопштение подолу, а видеото од пред стадион ТУКА.
.
Оние кои го сакаат Вардар на ваков начин го испраќаат и кога испаѓа во втора лига !
Бевме тука од почетокот, останавме до крајот…
Не е важен рангот на натпреварување, кога се работи за една голема и искрена љубов.
Прва, втора, трета, општинска…ВАРДАР ЗАСЕКОГАШ !
А таму ќе бидеме уште побројни…
Таму ќе бидеме уште посилни…
Таму ќе го вратиме Вардар на Вардарците и Народот !