Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Најинтересните моменти од дуелот со Киелце
(ВИДЕО) Најинтересните моменти од дуелот со Киелце

(ВИДЕО) Најинтересните моменти од дуелот со Киелце

Во рамките на седмото коло од Лигата на Шампионите, на домашен терен, Вардар загуби од екипата на Киелце. Имавме добар старт на натпреварот кога поведовме со 5:1, сепак по истекот на првите 30 минути, гостинската екипа имаше три гола позитива (13:16)

Во вториот дел комплетно се вративме во игра кога поведовме со еден гол разлика, но не издржавме до крајот да одиграме на силно ниво. На крајот полскиот шампион славеше победа со резултат 29:33.

Погледнете ги најинтересните моменти од овој натпревар.