Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Најмладите генерации во “Јуниор“ лигата го одиграа првото коло во новата сезона
Најмладите генерации во “Јуниор“ лигата го одиграа првото коло во новата сезона

Најмладите генерации во “Јуниор“ лигата го одиграа првото коло во новата сезона

Претстојниот викенд стартуваше новата сезона на ракометната “Јуниор“ лига. Се одиграа многу натпревари во различни возрасни генерации, во машка и женска конкуренција. Градовите Скопје, Прилеп, Кичево и Кавадарци беа домаќини на првиот турнир за оваа натпреварувачка сезона. Во Скопје во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одиграа натпревари кај најмладите дечиња родени 2006-2009 година. Тука екипи се мешани, составени од момчиња и девојчиња.

РК Делчево-Вардар (1) беше поуспешен од екипата на Опш. Кисела Вода- Вардар (7). Резултатот конечен на овој дуел гласеше 13:1 во корист на Делчево. По првото полувреме имаа водство од 6:0. Својот прв гол Кисела Вода го постигна во последната минута кога намали на 12:1. До крајот на мечот уште еден гол во мрежата на Кисела Вода за убедливи 13:1. По три гола постигнаа Сара Петровска и Магдалена Георгиевска.

14666191_1677317499245967_645003307310404956_n

Победа забележа и РК Делчево-Вадар (2) во дуелот со Опш. Кисела Вода-Вардар (5). Тука гледавме понеизвесен меч, каде на полувреме Кисела Вода имаше водство од 1:3. Во вториот дел Делчево го сврте резултаот во своја корист. Најпрво поведе со 6:5, следеше израмнување, но последнот гол му припадна на Делчево за конечни 7:6. Влатко Димитровски постигна 4, додека Теона Златковска беше стрелец на 4 погодоци.

Победа забележа Опш. Кисела Вода-Вардар (6) во дуелот со екипата на Ново Лисиче. Во текот на целиот меч имаа водство, на полувреме резултатот беше 0:2. Последниот гол беше дело на Кисела Вода за намалување на 1:6, што беше и конечен резултат на овој натпревар.

Интересен натпревар одиграа “братските“ екипи на Гостивар-Вардар (1) и Гостивар-Вардар(2) кои одиграа со нерешен резултат 6:6. Гостивар (2) имаше почетно водство од 0:2, но поблиску до победата беше Гостивар (1) кој водеше со 6:5. Сепак на крајот мечот заврши со нерешен резултат.

Победа забележа РК Војнисон-Вардар во дуелот со екипата на РК Ѓорче Петров-Вардар. Екипата од Ѓорче водеше со 4:5, но последните два гола на мечот беа дело на РК Војнисон за конечни 6:5.