Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Нашите екипи со победи стартуваа на турнирот “Вардар- еден живот, една љубов“
Нашите екипи со победи стартуваа на турнирот “Вардар- еден живот, една љубов“

Нашите екипи со победи стартуваа на турнирот “Вардар- еден живот, една љубов“

Од денес па се до 20-ти јануари во  во големата и малата сала во СЦ „Јане Сандански”, во СРЦ „Кале” и во салата на основното училиште „Круме Кепески” во населбата Кисела Вода ќе се одржи второто издание на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ во организација на нашиот ракометен клуб.

Машките екипи на Вардар денес ги одиграа своите први натпревари на овој турнир и сите стартуваа со победи.

Пионерите на Рк Вардар генерација 2002/2003 предводени од поранешниот играч на славниот Кометал Ѓ.П Андријана Будимир со висок триумф го стартуваа второто издание на турнирот. Тие денес во салата на основното училиште „Круме Кепески” во населбата Кисела Вода убедливо ја победија екипата на Опш. Кисела Вода Вардар 2 со конечен резултат од 25:4. Доминантна игра на нашите млади надежи, каде разликата во квалитет беше во голема мера на наша страна. Екипите се поделени во четири групи, составени од по три екипи. Црвено-црните пионери се наоѓаат во група уште и со екипата на Академија 1, со која играат исто така денес со почеток од 19 часот во истата сала.

Успешен старт на турнирот имаа и кадетите на Рк Вардар предводени од тренерот Слободан Чивлачки, кои го освоија четвртото место, на неодамна завршениот “Трофеј Белград“. Конечниот резултат од 18:1, во корист на црвено-црните доволни говори за силата на двете екипи. Инаку противник ни беше исто така Опш. Кисела Вода Вардар 2. Мечот се одигра во спортскиот ракометен центар Кале. Вечерва во истата сала со почеток од 18 часот кадетите ќе го одиграат и вториот меч во групата, против екипата на Академија 1.

Настапи на денешниот прв ден на отварање на турнирот имаа и младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Избраниците на Зоран Петковски, екипата на Рк Вардар забележаубедлива победа во првото коло против тимот на Рк Војнисон-Вардар која доаѓа од Кичево. Нашите младинци ја оправдаа фаворитската улога на овој дуел и забележаа победа од 36:4. Утре во малата сала на С.Ц. Јане Сандански играме против екипата на Рк Шампион со почеток од 09:30 часот, додека два часа подоцна во истава сала се игра дербито со екипата на Рк Метрополис.

Рк Вардар Јуниор (младинци) предводени од Слободан Чивлачки денес го одиграа својот меч, против тимот на ХЈС Работник на кој исто така забележаа триумф. Овој меч се играше во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански. Сите мечеви се играат во две полувремиња по 20 минути, додека паузата помеѓу нив трае по 3 минути. Во првите три дена на турнирот, натпревари ќе играат машките екипи, додека екипите во женска конкуренција своите натпревари ги започнуваат од петок.