Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Натпревари од машкиот дел на Јуниор лигата, генерација родени 2004/05 година
Натпревари од машкиот дел на Јуниор лигата, генерација родени 2004/05 година

Натпревари од машкиот дел на Јуниор лигата, генерација родени 2004/05 година

Вчера во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одиграа натпревари од ракометната Јуниор лига. Во машка конкуренција, кај генерација родени 2004/2005 година беа одиграни два натпревари. Академија 1 излезе како победник во дуелот со екипата на Академија 2, додека екипите на  Гостивар и Академија 3 ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат.

Академија 1 во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултатот и постијана предност. Започнаа добро со водство од 1:0 и 3:1, но Академија 2 успева по втор пат да го израмни резултатот на 3:3. Ова беше и последно израмнување на мечот, од тие моменти Академија 1 прави серија од три последователни гола за највисоки во тие моменти 6:3. До крајот на првото полувреме по еден гол на двете страни за резултат 7:4 по првиот дел.

Решавачкиот чекор кон победата, Академија 1 го направи на стартот на вториот дел, кога направи серија од 4:0 за веќе недостижни 11:4. Сепак Академија 2 враќа во иста мера и серија од четири погодоци за намалување на 11:8, кои не беа доволни за целосен пресврт. До крајот на натпреварот две екипи постигнаа по два гола, за конечни 13:10 на овој меч.

Во другиот натпревар од истава возрасна генерација, Гостивар и Академија 3 одиграа со нерешен резултат, кој можеби беше и најреален исход на овој дуел. Иако Гостивар подобро го започна мечот со водство од 3:1. Сепак до крајот на првото полувреме, Академија 3 се врати резултатски, израмнувајќи на 4:4.

Второто полувреме започна со погодок и прво водство за Академија 3, на кое Гостивар враќа со два погодоци за повторно преземање на предноста. До крајот на натпреварот се играше гол за гол на двете страни, тимот на Гостивар псотојано имаше водство, но сепак последниот напад за победа го имаше Академија 3. На крајот нерешен резултат од 9:9 и поделба на бодовите за двете екипи.