Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките од Опш.Кисела Вода и Академија-1 триумфално во дуелите од ракометната Јуниор лига за генер.2004/05
Девојките од Опш.Кисела Вода и Академија-1 триумфално во дуелите од ракометната Јуниор  лига за генер.2004/05

Девојките од Опш.Кисела Вода и Академија-1 триумфално во дуелите од ракометната Јуниор лига за генер.2004/05

Вчера во спортско рекреативниот центар  “Кале“  се одиграа дуелите кај девојките во  категорија за ракометарки родени во генерацијата 2004/2005. Во дуелите од оваа генерација победа обезбедија екипите на Општина Кисела Вода-Вардар и Академија-1.

Во првиот дуел за оваа генерација вчера се сретнаа екипите на Опш.Кисела Вода-Вардар и тимот на Академија-2 поуспешни во овој дуел беа девојките од екипата на Кисела Вода. Први со гол мечот го отворија девојчињата од тимот Кисела Вода кои по почетниот гол постигнаа во следната акција уште еден со кој поведоа на почетокот од дуелот со 2-0. Играчите на Академија-2 успеаа да го намалат резулатот на 2-1, но следуваше вистинска ракометна лекција за нив во продолжението од нивните противнички. Девојките на Академија-2 беа сопрени во нивните напади а нивните противнички ја решетаа нивната мрежа, Кисела Вода-Вардар прави серија 4-0 и го зголемува резулатот на 6-2 кој ќе се покаже како краен по првиот дел. Во вториот период од 10 минути колку што се игра ракомет во оваа старосна генерација повторно со гол го отворија К.Вода чии ракометарки зголемија на недостижни 7-2. Вториот дел мора да се каже дека изобилуваше со неефикасност во реализицијата на двете страни докраот на вториот период двете екипи погодија само уште по еднаш во противничката мрежа за да се  заврши мечот со резулат 8-3 по 20 минути игра во овој дуел.

Во вториот утрински дуел за оваа генерација 2004/2005 се сретнаа екипите на Ново Лисиче-Вардар и тимот на Академија-1, во овој дуел победата ја однесе екипата на Академија-1. Тие го отворија првиот дел со серија од три последователни голови во мрежата на врсничките од тимот на Ново Лисиче. Девојките од Н.Лисиче намалија со гол за резулат 3-1 на семафорот во “Кале„ . Потоа следуваше игра гол за гол во продолжението се постигнаа по четири гола во двете мрежи резулатот беше 5-7 и Академија-1 повторно водеше “плус два“.  Со овој резулат се замина на одмор по 10 минути ракомет во Кале, вториот дел како и на првиот дуел не изобилуваше со погодоци напротив беше неефикасен. Ново Лисиче-Вардар го даде првиот гол во вториот дел на почетокот кој подоцна се покажа како единствен за нив на мечот во вториот период. Докрај девојките на Академија-1 постигнаа три погодока и  мечот заврши со резулат 6-9. Кај победничките најефикасна беше Ева Димитровска со 5 гола, а во поразениот табор наистакната беше Магдалена Тошевска со три гола.