Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прво пролетно коло за пионерите на РК Вардар, кадетите се домаќини на РК Рисови
Прво пролетно коло за пионерите на РК Вардар, кадетите се домаќини на РК Рисови

Прво пролетно коло за пионерите на РК Вардар, кадетите се домаќини на РК Рисови

Младинските екипи на РК Вардар ќе имаат свои натпревари за викендов кој следи.

Кадетите на РК Вардар во рамките на 12.коло на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Рисови. Натпреварот е закажан да се одигра во сабота (25.03) со почеток од 11:00 часот во спортската сала на ОУ „Круме Кепески“. Илија Давидовски и Бобан Стојановски ќе бидат судии на овој натпревар.

На 10.одиграни кола, Вардар има скор од 8 победи и 2 порази, додека екипата на Рисови забележа 6 победи и 4 порази.

Првото пролетно коло ќе го одиграат пионерите на Вардар кои се предводени од Стојан Петрушевски. Нашите млади надежи во недела (26.03) во спортската сала во населбата Автокоманда ќе гостуваат на екипата на Мулти Есенс. Натпреварот ќе го судат Божидар Васевски и Дарко Стојковски.

Вардар има остварено во есенскиот дел 1 победа и 3 порази, додека Мулти Есенс има ефект од 3 победи и 1 пораз.